Цеца и Карлеуша користат ист парфем

Парфемот може да открие многу за нас бидејќи го отсликува нашиот личен вкус и им дава на другите нешто да не паметат каде и да се. Бидејќи парфемите претставуваат личен печат, многу луѓе ги обожаваат. Списокот на парфеми што ги користат жените во Србија е комбинација од се што се бара од мирис кој останува на кожата цел ден,пишува stil.kurir.rs .

Во продолжение ги одбравме омилените парфеми на нашите познати дами. Наташа Беквалац и Јелена Карлеуша

Има луѓе кои и покрај ново лансираните мириси на пазарот, остануваат верни на својот омилен парфем кој го користат со години, а една од нив е и Наташа Беквалац. Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац се согласуваат за еден избор, а тоа е дефинитивно миленичката на Шанел – Коко Мадемазел. Станува збор за двоен состав кој ја меша свежината на цитрусот со сензуален бран, ноти специфични за Шанел.

“Инаку сакам силни и постојани парфеми кои мирисаат на сензуална жена, на се*с. Парфемите Шанел отсекогаш биле мој избор. Моментално користам Шанел – Coco Mademoiselle, Allure, No 5… Има еден Шанел парфем кој е моето тајно оружје за заведување пред спиење, а тоа е Beige и компанијата Шанел го произведува годишно во ограничена серија“, изјави во една прилика Јелена Карлеуша.

Друг омилен на Наташа Беквалац е женствениот и цветен мирис „Le Parfum“ од Ели Сааб.

Милица Павловиќ

За разлика од Наташа Беквалац и Јелена Карлеуша, Милица Павловиќ често менува парфеми бидејќи, како што вели, брзо и здосадува, па на полицата за козметика има вистинска мала колекција на мириси. Моментално го користи Нарцисо Родригез.

Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ не се одвојува од парфемите од својата колекција, а зборуваме за Yaemina – Closer, овошен мирис базиран на ноти на орхидеја и ванила.

Цеца

Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ како и некои нејзини колешки ги сака парфемите на Шанел.

– Иако досега лансирав два парфеми, омилени ми се оние од куќата „Шанел“. Најчесто ставам „Coco Mademoiselle“, изјави таа пред неколку години за локалните медиуми.

Ана Николиќ

Шанел 5

Пејачката Ана Николиќ е лојална на еден бренд кога станува збор за парфем.

– Тоа се парфемите на Шанел. Шанел 5 го користам за посебни ситуации, црн Шанел за ноќе и зима, а Шанел мадмазел за сите прилики – откри Ана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e