Бритни Спирс јавно му се извини на Џастин Тимберлејк

Бритни Спирс му се извини на своето поранешно момче Џастин Тимберлејк за она што го напиша во своите мемоари „The Woman In Me“, пишува Дејли Мејл.

Двајцата беа заедно од 1999 до 2002 година, но возбудата се зголеми откако нејзината книга излезе минатата година.

Спирс напиша дека пејачот ја наговорил да абортира кога останала бремена, но и дека ја направил да изгледа како „неморална што му го скршила срцето на златно момче“ кога раскинале.

Пејачката вчера на својот Инстаграм профил напиша дека навистина и е жал ако повредила некого со напишаното, а потоа ги пофали новите песни на Џастин.

„Сакам да се извинам за некои работи што ги напишав во мојата книга. Ако навредив некого, од луѓе за кои ми е гајле, многу ми е жал. Исто така, сакав да кажам дека ја сакам новата песна на Џастин Тимберлејк, Себичен“, напиша таа во својата објава на Инстаграм и додаде дека покрај „Selfish“ и се допаѓа „Sanctified“.

Обожавателите на пејачката беа пресреќни што ја прочитаа нејзината страна на приказната во мемоарите, а минатата недела ја вратија нејзината песна „Selfish“ од 2011 година на топ-листите откако Тимберлејк го објави новиот сингл со исто име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e