Поп пејачката Антониа Гиговска очигледно е дека нема проблеми со вишокот килограми после породувањето.
Антониа успеала да ја донесе својата линија до совршенство, само неколку месеци откако се породи и го доби својот прв син – Кијан.
Антониа пред неполни три месеци на светот го донесе здравото машко бебе на кое со својот сопруг Роберт Спасенцовски му го дадоа името Кијан.
Веста за породувањето на пејачката ја објави нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски.
Како што знаеме, особено тежок процес за повеќето мајки по бременоста е враќањето на килограмите во нормала, но и постигнување на рамен стомак.
Но, сепак за Антониа тоа се чинело прилично лесно. Таа споделила инстаграм стори на својот Инстаграм профил и изгледа неверојатно, облечена во шорцови и кратка бела маичка.
Антониа Гиговска очигледно работела вредно на својот изглед и полека, но сигурно се подготвува за својот музички „камбек“.