Бред Пит ќе слави роденден: Посвоените деца не се поканети?

Бред Пит наскоро ќе го прослави роденденот, а се шпекулира дека се поканети само биолошките деца кои ги доби во бракот со Анџелина Џоли, но не и посвоените, кои ги призна како свои.

Наводно, Шајло, Вивиен и Нокс ќе останат кај него до 24 декември, а на 25 се враќаат дома кај Анџелина, за да го прослават Божик заедно со неа и со постарите Медокс, Захара и Пакс. Се зборува дека Бред е во лоши односи со нив и дека тие се дистанцирале од татко им последниве неколку години.

Медокс и Захара се посвоени пред бракот со Бред Пит, додека пак, Пакс е посвоен по раѓањето на неговата сестра Шајло, неколку месеци пред да се родат близнаците Вивиен и Нокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e