Бившиот на Северина стана татко по пети пат

Сопругата на Милан Поповиќ, Бојана, денеска се породи во приватна клиника и на свет донесе здраво момче.

Познатиот српски бизнисмен и поранешен партнер на Северина Вучковиќ, Милан Поповиќ денеска доби петто дете – четврти син.

Како што дознаваат српските медиуми, сопругата на Милан се породила во приватно породилиште и родила здраво момче.

„Српскиот крал на бакарот и неговата многу помлада сопруга Бојана, по синовите и ќерката, добија уште едно момче на кое му го дадоа името Теодор Александар“, открива добро упатен извор и продолжува: „Пораѓањето помина добро. Бојана и бебето се добро, а момчето ги доби сите најдобри оценки“.

„Се запознавме во Белград. Бојана студира маркетинг, потекнува од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега. Со неа нема кавги и расправии, дури и сега кога таа е бремена, кога жените знаат некогаш да бидат каприциозни. Таа е слатка, мила, одлична мајка, што ми е многу важно“, рече своевремено Поповиќ за својата избраничка, пренесува хрватски „Стори”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e