Битката за старателство над децата продолжува

Анџелина Џоли ја „заостри“ судската битка со поранешниот сопруг Бред Пит откако одби да имаат заедничко старателство. По неколку години во кои борбата за грижата околу децата беше главниот проблем при нивната разделба, сега Анџелина конечно е среќна што нема да го дели старателството над нив со Бред.
Бред и Анџелина ги имаат Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, а сегашната состојба на Анџелина сосема и одговара.
– Имаа комплициран договор кој подразбираше дека Анџелина ќе се грижи за нив, а Бред кога сакаше ги гледаше. Иако тој инсистира да имаат заедничко старателство, Анџелина нема шанси да се согласи – вели нивен заеднички пријател и додава дека Анџелина нема проблем да со посетите од Бред, како и почитување на сите наредби од судот во врска со посетите, но во никој случај нема намера да му даде рамноправно старателство, кое би подразбирало децата да живеат со нејзе или со Бред на одреден период. Тоа нејзе би ја скршило, бидејќи децата ѝ се сè на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e