Бен Афлек и Џенифер Лопез пред развод, се венчаа пред 2 години

Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно се разведуваат, а како што истакнуваат извори за американските медиуми, актерот веќе се иселил од заедничката куќа која неодамна ја купиле.

Според написите во американските портали, еден од проблемите е различниот пристап и начинот на кој се справуваат со славата. Лопез го привлече медиумското внимание, додека Бен се оддалечи од тоа.

„Сега тој е фокусиран на својата работа и на своите деца. Бен веќе се иселил и најверојатно ќе мора да ја продаде куќата од соништата што ја барале две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да престане да го контролира, а тој пак, не може да ја промени. Нема шанси да потрае“, изјави изворот за „Ин тач“.

Џен и Бен во последно време поминуваат многу време разделени. Исто така, актерот не присуствуваше на Мет Гала со неговата сопруга Лопез и покрај нејзината улога на водителка на настанот.

Популарната двојка првпат почна да се забавува на почетокот на 2000-тите, а само неколку дена пред да се венчаат – се беше откажано.

Тие останаа заедно до јануари 2004 година, кога следеше конечниот крај. На помирување чекаа речиси 20 години, па тоа го направија во 2021 година, а конечно се венчаа во јуни 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e