Бекинсејл им одговори на „хејтерите“: Вие сте многу несреќни луѓе

Кејт Бекинсејл е на одмор во Мексико и секојдневно со своите следбеници на Инстаграм споделува нови фотографии.

Иако изгледа одлично и добила многу комплименти, имало и критики, кои очигледно, ја погодиле и одлучила да врати.

„Не знам што ве наведува да мислите дека како стареете, веќе не вредите и не можете да бидете секси и атрактивни. Дали сте свесни дека кога некого за нешто обвинувате, особено ако не го познавате или привлекувате внимание, вие всушност откривате ваша одвратна страна или ваш голем страв“, напиша таа.

Бекинсејл им порача на обожавателите да не се плашат од стареењето и да не обрнуваат внимание на коментарите на другите. Додала и дека оние кои такви нешта може да помислат и напишат сигурно се многу несреќни личности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e