Антониа ќе стане мајка на 22 години, а сега покажа и колку и пораснал стомакот

Младата пејачка Антониа Гиговска (22) наскоро ќе се оствари во улога на мајка. Таа ги изненади сите кога ја објави веста дека е бремена, а најмногу нејзиниот партнер кој не ја криеше среќата.

Имено, нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски тогаш се фотографираше со тестот за бременост во устата и ги „шокираше“ сите.

Од тогаш фановите на пејачката беа нестрпливи да ја видат со трудничко стомаче, кое Гиговска сега воопшто и не го крие.

Таа и во бременоста е мошне активна на социјалните мрежи, а овој пат покажа како изгледа во долг плетен фустан и ги воодушеви сите.
Таа се фотографираше заедно со познатиот фризер и стилист, а во преден план е нејзиното трудничко стомаче.

gigovska9-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e