Анистон призна: имав лажен профил на Инстаграм

 

Актерката Џенифер Анисстон неодамна направи Инстаграм профил и предизвика големо внимание на јавноста, бидејќи во рекорден рок доби милион следбеници, а неколку дена потоа, во емисијата „Во живо со Џими Кимел“ призна дека едно време имала лажен профил.
– Во периодот кога размислував да се приклучам во Инстаграм заедницата, сфатив дека пред сè морам да го разберам тој свет на друштвени мрежи пред да се влезам во него – изјави Анистон.
Бизнис инсајдер пишува дека актерката не е прва позната личност која користела лажен прпфил на социјалните мрежи. Нејзината имењачка Џенифер Лоренс минатата година изјави дека нема јавен профил на социјалните мрежи, но дека таму е нем набљудувач.
Не е познато колку славни личности ги корисат социјалните мрежи на начин на кој тоа го правела Анистон. Она што е сигурно е дека нејзината стратегија е успешна, бидејќи Анистон на Инстаграм за неколку дена достигна до 15 милиони следбеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e