Анета од Молика искрено за разводот – еве што кажа

Бисерното грло на Македонија, жената која воодушевува со своите вокални способности, убавата дама која има ретка грациозност во однесувањето на нашата сцена.

Неодмна како вулкан во јавноста изби веста дека Анета и Џими од групата „Молика“ се разведуваат по 22 години брак.

Пејачката  ја потврди оваа информација, го промени презимето на социјалната мрежа Инстаграм во Љумаковска (тоа е нејзиното моминско презиме) и продолжи да биде активна на нејзиниот профил објавувајќи фотографии од нејзините настапи, но и од секојдневието.
Пејачката за првпат проговори за јавноста по разводот во интервју за Гламур.
– Со сигурност можам да кажам дека сум добра, дури и повеќе од тоа. Ова лето како и секоја година, работно со многу ангажмани и ете конечно да се одморам од моите обврски и турбуленции што ги имав, вели Анета.
-За разводот нема што да зборувам тоа е дел од мојата приватност, се случи тоа што се случи и свесни сме сите дека се што се случува е со некоја причина која што само еден Господ ја знае. Кога не оди нешто треба да се прекине и да се продолжи понатаму , бидејќи животот е еден и е многу краток и треба да се проживее како ние ќе посакаме, вели таа во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e