Анета од „Молика“ со еден детаљ откри дека развод сепак ќе има

Деновиве во медиумите како бомба одекна веста дека по 22 години брак се разведуваат Анета и Џими од групата Молика.

Бидејќи Анета и Џими важеа за еден од најхармоничните парови на естрадата по оваа вест многумина беа изненадени.

Иако парот не се огласи по веста сепак еден детал падна во очите на новинарите.

Анета, претходно Мицевска, сега на својот Инстаграм профил го промени своето презиме и се потпиша како Анета Љумаковска.

На профилот на пејачката осамна фотографија со ќерката Мони, која ја има од бракот со Џими и тука јавноста можеше да забележи дека пејачката го променила своето презиме.

Анета повеќе пати има споделено заеднички фотографии со нејзината наследничка од кои можеме да видиме дека е вистинска нејзина копија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e