Анастасија на Инстаграм откри колку е вљубена – Слават двегодишина со Гудељ

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ (25) и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ (32), ја прославија втората годишнина од нивната љубовна врска.
Музичката ѕвезда, која е ќерка на пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца, им покажа на своите обожаватели како го одбележала овој значаен ден – со црвени балони во форма на срце на кои пишува „Среќни две години“.

Исто така, вљубената двојка објави неколку заеднички фотографии на нивните засебни инстаграм-профили и си упатија емотивни пораки еден на друг.

„Две години со најдобриот сопруг на светот! Не можам да опишам со зборови колку те сакам. Ти благодарам што ме сакаш и што ме правиш среќна секој ден! Твоја засекогаш“, напиша пејачката во описот на својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e