Ален Исламовиќ настапи во инвалидска количка

Пејачот на „Бело Дугме“, Ален Исламовиќ неодамна доживеа несреќа, поради која сега е во инвалидска количка.

Имено, на социјалната мрежа Тик Ток се појави снимка од неговиот настап, а Ален на сцената се појави во инвалидска количка.

Иако лекарите го советувале да се одмори, Ален сепак одржал концерт во Тиват и им пеел на своите обожаватели кои дошле да го слушаат таа вечер.

– Со скината Ахилова тетива и операција направена во Сомбор, пристигнав на концертот затоа што не сакав да ја пропуштам таа прекрасна ноќ. Ви благодарам, бевте фантастични – порача Ален Исламовиќ преку Фејсбук.

Ален е со сопругата Маријана од нејзината 16, или тој од 22 години и ништо не влијаело на нивната љубов.

– Преживеала се и сешто, особено озборувањата кои влегуваат во светот на забавата. Тоа го кажа храбро и јас и се восхитувам до ден-денес. Таа повторно е мојата најдобра и најубава љубов – изјави неодамна пејачката во големото интервју за „Блиц“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e