Александра Пријовиќ се повлекува од јавноста?

Александра Пријовиќ е една од најголемите балкански ѕвезди, а за атмосферата на нејзините концерти се зборува со денови.

Пејачката посебно се осврна на концертите во Белград, но најави и повлекување од јавноста.

Па, токму затоа што сѐ почна од Белград. Белградската публика прва поверува во мене и помогна „мојот глас да се слуша надалеку“. Носам посебни емоции од тој прв ден. И сега веќе сум нервозна пред тој последниот концерт на 22 декември – изјави Александра за „Блиц“.

Не се плашев, но не верував дека ќе се распродаде за еден ден. Затоа правиме нешто посебно и различно од целата турнеја за тој ден. Се трудев да ги направам концертите еднакво убави во секоја држава и град, цел тим го носев во помалите места и не штедев никаде кога се работеше за продукцијата. Затоа Белград заслужува да го изненадам на последниот концерт. Но јас никогаш не зборувам однапред, туку изградив однос на доверба со публиката – затоа знам дека тие знаат дека ќе си поминеме одлично и дека ќе дадам сѐ од себе тие да си одат дома насмеани и да се сеќаваат на таа средба многу години – изјави Пријовиќ.

Александра Пријовиќ по концертите го откри својот следен чекор.

Александра заслужи пауза (се смее). Се повлекувам од јавноста… некое време. Следната година е идеална за создавање на нови песни, планирање на се’ што доаѓа, празници, семејство, пријатели – изјави таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e