Адел на оригинален начин го откри полот на бебето

Откако една двојка успеала да прошверцува голем транспарент на концертот на Адел барајќи од неа да го открие полот на нивното бебе, таа им ја исполнила желбата.

Иако им рекла дека тоа што го направиле не е дозволено, не можела да им одолее и на задоволство на сите се согласила да им направи услуга и на тој начин им помогнала да создадат посебен момент кој стана вирален.

Пејачката видела транспарент во публиката и ја повикала двојката да ѝ се придружи на сцената, ги замолила да се претстават, а потоа седнала и го зела пликото во кое се криеле информациите што со недели ги чувале за овој посебен момент. Пејачката била толку воодушевена од барањата што дури ги прашала дали има нешто посебно што би сакале таа да им каже и дали имаат некој кој го снима моментот.

„Чест ни е што ќе го направите ова за нас. Ги имаме информациите од 12-та недела, но го чекавме овој момент“, ѝ рекла обожавателката пред Адел да го скине пликото и да прочита што има внатре. Кога прочитала дека чекаат момче, воодушевено ги прегрнала и рекла дека ова е одличен момент и дека е исклучително среќна за нив, а потоа дури и заплакала.

„Ова беше многу емотивно. Дали и кога повторно ќе забременам, ќе ми го кажете полот на бебето?“ ги прашала, подгревајќи ги гласините дека планира да има дете со вереникот Рич Пол. Особено затоа што за време на минатогодишното интервју за магазинот Elle изјавила дека планира уште едно дете покрај синот што го доби во бракот со Сајмон Конецки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e