Карлеуша отвара профил на OnlyFans

Српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша откако успеа да го врати профилот на социјалната мрежа Инстаграм, ги изненади своите обожаватели и следбеници со несекојдневна најава.

Имено, музичката ѕвезда ги извести сите дека наскоро ќе направи профил на познатата мрежа Онлифенс (OnlyFans).
ва не е првпат големите ѕвезди да се одлучат на ваков чекор, но тоа е првпат кога е Србија во прашање. Познатите личности како Карлеуша обично ја користат платформата за повеќе да комуницираат со обожавателите, да најавуваат нови проекти и да дадат малку повеќе пристап до нивниот приватен живот.

OnlyFans функционира така што обожавателите се претплатуваат на содржината на нивната омилена ѕвезда на месечно ниво. Колку некој ќе заработи, зависи и од висината на претплата, како и од популарноста на другите социјални мрежи, а содржината воопшто не мора да биде експлицитна – американската раперка Карди Б, на пример, заработува милиони, иако нејзината содржина е пристојна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e