Трамп има обичај да остава бакшиш

Претседателот на САД Доналд Трамп секогаш носи пари во готовина со себе во случај да треба да остави бакшиш. Тој тоа го објасни по прашање од новинарите за фотографија на којашто се гледа како му висат 20 долари од задниот џеб.

– Јас не носам паричник бидејќи долго време не користам кредитна картичка, рече со насмевка американскиот претседател.

Трамп додаде дека претпочита да има готовина в џеб, а потоа извлече купче банкноти пред новинарите. Натаму, тој вели дека има обичај да остава бакшиш при престој во хотел, на пример.

– Затоа сакам да имам нешто готовина во мене. Можеби претседателот и не треба да го прави тоа, но јас сепак сакам да оставам бакшиш, објасни тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e