Пченичната трева го успорува појавувањето на бела коса

Најефтина опција е сами да ја одгледате пченичната трева, па да ја исцедите во соковник. За одгледување ви се потребни еколошко семе од пченица, тресет и земја. Семето натопете го во вода од осум до дванаесет часа и нека стои во стаклена тегла. Во наредните 24 часа измијте го три пати. Кога ќе почнете да забележувате појава на ркулци, посадете го по површина на земјата (подгответе ја во размер едн дел тресет три дела земја).
Полејте со вода и покријте ја со тегла, за во првите три дена да не се исуши брзо. Во текот на тие денови полевајте ја наутро, а навечер прскајте ја со вода. Четвртиот ден тргнете ја теглата, и поставете го садот семето да стои на дирекна сончева светлина.
Идеалната температура за растење, а да не се создаде мувла е 21-26 степени. Ако се појави мувла, ќе морате да почнете отпочеток.
Пченичната трева можете да ја сечете кога ќе порасне околу 20 см. Два дена пред сечње изнесете ја на сонце за да дојде до синтеза на хлорофилот. За нова тура посадете ново семе во нова земја.
Сокот од пченичната трева можете да го исцедете во соковник или да ја сомлете во блендер со додавање вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e