Најлесен рецепт за популарните американски колачиња

Колачињата со чоколаден чипс сигурно сте ги виделе во списанија, на сајтови, на реклами, можеби и сте ги пробале, а може и да имате рецепт за нив.

Тие може да бидат крцкави или пак, меки и ровки, во зависност од тоа колку денови ги чувате. Ова е класичниот рецепт за нив, а смесата можете и да ја смрзнувате и секогаш да имате на располагање тесто за веднаш да ги испечете.

Потребни состојки:

120 гр путер
Пола чаша кафеав шеќер
1/3 чаша бел шеќер
Едно јајце
2 лажички екстракт од ванила
Една и пол шолја брашно
2 лажици густин
Една лажичка сода бикарбона
Малку сол
Една шолја чоко-чипс (или исецкана чоколада)

Подготовка:

Најпрво измешајте ги брашното, густинот, содата и солта. Во друг сад матете го путерот кој е на собна температура, заедно со шеќерот.

Кога ќе се соединат, додадете ги јајцето и ванилата. Откако ќе добиете воедначена смеса, додадете ја смесата со брашно. Измешајте добро и додадете го чоколадниот чипс. Смесата оставете ја два часа во фрижидер.

Вклучете ја рерната на 250 степени, добро да се загрее. Обликувајте топчиња и редете ги на хартија за печење. Во текот на печењето ќе го добијат плоснатиот изглед. Оставете доволно растојание, за да не се залепат.

Печете околу 15 минути. Од оваа смеса можете да направите резерви колку сакате, но и да ги менувате додатоците, на пример суво овошје или парчиња јатки.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e