Кјелини соопшти кога ќе се врати на фудбалскиот терен

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини зборуваше за очекуваниот временски рок на враќање на терените. Претходно, тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

-Мислам дека ќе се вратам на теренот во февруари-март. За жал, ова е сè уште долго време. Поминав неколку дена во странство, а утре ќе продолжам со рехабилитација, што оди добро. Треба да бидете трпеливи, изјави Кјелини.

Оваа сезона 35-годишниот дефанзивец настапи на еден натпревар за Јувентус во Серија А. Тој играше на дуелот против Парма на кој го постигна единствениот гол.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e