Владата на вчерашната седница го именуваше Зоран Атанасов за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Атанасов е роден струмичанец, по професија Доктор по ветеринарна медицина.
Основното образование го завршува во Струмица а средното ветеринарно во Битола, 1993г дипломира на факултетот за ветеринарна медицина во Загреб, Р.Хрватска.
Работното искуство:
Од 1994-1998г работи како командир на единица и началник за Ветеринарно обезбедување во Логистички Наставен Центар на АРМ.
Од 1998-1999г е началник на ветеринарно обезбедување во бригада на АРМ.
Во периодот од 1999-2005г е советник во Министерството за одбрана, а од 2005-2016г е советник-официјален ветеринар во Агенцијата за храна и ветеринарство, кога станува дел од тимот на советници во кабинетот на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Изработувач е на Упатства и Правилници за потребите на ветеринарното обезбедување при АРМ и МО и е еден од креаторите и изработувачите на Националниот концепт за логистичка поддршка на АРМ. Креатор и изработувач на Националниот концепт за поддршка од земја домаќин (НАТО партнерска цел). Еден од креаторите и изработувачите на Доктрината за логистика на АРМ. Предавач во школата СБС Глобал – Логистички менаџмент, логистички операции и управување со синџир на снабдување.
Дополнителни обуки:
2002г ,, Liders of 21 st century“ – George C Marshal Center, Garmish Partenchirchen Germany
2003г Resourse management
Planing and implementation of finance and material resourses
QUEEN’S SCHOOL OF BUSINESS – Ottawa, Canada
2006г Food Safety / HACCP
UNITED STATES DEPARTMENT OF AGRICULTURE
Cochran Fellowship Program
North Dakota University Fargo, U.S.A
2012г Official control of animal origin food, microbiological criteria and sampling – Agriconsalting Europe S.A
2013г Traces and Official control of animal origin food on Border control point – BFST , Talin -Estonia
Од 2009-2013г бил Советник во совет на општина Аеродром.
Зборува Англиски јазик.