Знамето на НАТО поставено пред македонската влада

Од денеска знамето на НАТО Алијансата ќе се вее пред македонската влада. На свечената церемонија која што пред малку заврши присуствуваа дипломатскиот кор, воените аташеа на земјите членки на НАТО, пратеници и претставници на Владата. На церемонијата се обрати премиерот Зоран Заев кој рече дека за Северна Македонија се отвораат нови можности, но и нови предизвици.

Со потпишувањето на пристапниот протокол Македонија доби место во Алијансата, но претстојат уште неколку чекори до полноправното членство. Сега сојузниците треба да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија според своите национални процедури. Потоа, генералниот секретар на НАТО формално ја поканува земјата да му се приклучи на Северноатлантскиот сојуз.

Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e