Животот во Македонија станува сè поскап: Трошоците пораснаа за скоро 6 отсто

Животот во Македонија станува сè поскап. Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека трошоците на животот во април годинава пораснале за 5.7 % во однос на истиот месец лани.

Најголем удар граѓаните почувствувале во секторот транспорт, каде само за еден месец трошоците рипнале за вртоглави 10.1 %.

„Зголемување е забележано и кај храната, пијалаците, облеката и обувките. Речиси и да нема сектор каде не се бележи раст на цените“, велат статистичарите.

Цените на мало, пак, во април во однос на март забележале раст од 3.2 %, што дополнително го притиска стандардот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e