Земон: Одлуката за над 6.000 амандмани е партиска, а не на пратениците

Пратеникот од владејачкото мнозинство, Рубин Земон од партијата на Еѓипќаните ги повика владејачката ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за измена на Изборниот законик.

Тој, како еден од иницијаторите за една изборна единица и отворени листи вели дека со над 6.000 аманмдани, нема никакви шанси овој парламентарен состав да ги помине измените и на изборите на 12 април да се гласа во една изборна единица.

„Предлогот за една изборна единица не атакува врз албанската заедница, воопшто не станува збор за намалување на албански пратеници во Собранието. Има нелогични амандамни за да се блокира процесот овие прашања да не дојдат до демократска и јавна дебата. Кога се поднесе иницијативата се уште не се зборуваше дека на 12 април ќе има избори. Кај нас изборите требаше да бидат во декември 2020 година, а не во април“, рече Земон.

Тој нагласи дека разговарале како пратеници, но тоа не се пратенички, туку партиски одлуки. Вели, тенденциите е да се блокира можноста за демократска дебата по амандманите.

Фото: Стандард.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e