Земјотрес од 4.3. по Рихтер во Албанија почуствуван во Скопје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово е регистриран нов земјотрес со епицентар во Албанија, на 160 километри југозападно од Скопје. Бил во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3.

-Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката (Кичево, Охрид и Битола) со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината според истата скала, соопшти Опсерваторијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ