Земјотрес со јачина од 3,2 степени утрово го погоди јужниот дел на Македонија, во близина на Демир Капија.
Епицентарот бил во селото Конче, на длабочина од 9 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Струмица, Валандово, Радовиш и Кавадарци.
Засега нема пријави за материјална штета.