Земјоделците со трактори и транспаренти се упатија пред Влада на протест

Ненавремена исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година, се причините поради кои денеска Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија, организира протестен марш во Скопје.

Маршот почна околу 12:30 часот од „Мавровка“, по што со шест трактори напред и транспаренти насобраните се упатија до Владата. Освен сточари, на него присуствуваат и овоштари, лозари, тутунари,…

Како што изјави за МИА претседателот на „Агроцентар“, Митко Јанков, протестот нема никаква политичка позадина и поради тоа, не треба да се злоупотребува за какви било политички или партиски цели.

-Протестот се одржува поради глувоста на Владата за сточарите и нема никаква политичка позадина. Од една страна, нашите барања искажани во декември лани се само делумно исполнети, а од друга, субвенциите не се исплаќаат навреме, туку повторно, пред избори. Доста ни е веќе од таква политика, независно кој е на власт, рече Јанков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e