Зеќири за обвинувањата на Беџети: Нека докаже, ќе се повлечам од политиката

„Доколку би докажал само една од серијата клевети што ги искажал на моја адреса градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети во неговото синоќешно (25.11.2019) гостување на ТВ21, јас Мухамед Зеќири јавно изјавувам дека ќе се повлечам од политичкиот живот и подготвен сум да сносам целосна морална и кривична одговорност!!! Притоа нема да се повикувам на мојот имунитет кој го уживам како пратеник!!!“, се вели во реакцијата утрово на пратеникот Мухамед Зеќири на вчерашното интервју на Беџети во кое изнесе серија обвинувања кон потпретседателот на СДСМ.

Блерим Беџети во вечерашното издание на дебатнио магазин „Click Plus“ рече дека Зеќири како новинар побарал пари на црно од поранешиот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај. Парите од градоначалникот ги побарал преку негов новинар-пријател.

Тој и јавно упати прашање до Зеќири дали неговото возило и тој лично е дел од групата за криумчарење на мигранти.

Беџети изјави дека стои зад тоа што го зборува и дека стои на располагање на обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e