(ЗБОРОТ Е ЗБОР) Николовски: На Царев врв ќе се гради еден од петте најголеми ски-центри на Балканот

Во срцето на Осоговските планини, на Царев Врв, ќе се гради модерен ски-центар, кој ќе биде еден од петте најголеми центри на Балканот, инвестиција вредна 100 милиони евра!

Оваа вест денеска ја објави вицепремиерот Љупчо Николовски, кој потекнува од источниот регион и кој на последните два изборни циклуси е носител на листа во Изборната единица три од СДСМ и коалицијата.

“Одлуката за изградба на ски-центарот е резултат на координација на градоначалниците од североисточниот регион, а на мој предлог овој проект стана дел од владиниот Интервентен план за инвестиции 2021-2027, кој овозможува одржлив економски раст и подобар животен стандард. Го развиваме недопрениот источен и североисточен регион и ги фокусираме инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава.” – посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e