Почнува целосната исплата на оштетените лица во августовските поплави, одлучи Владата.
Како што соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, исплатата ќе се реализира во неколку транши, овој и наредниот месец. Со првата транша вредна 118 милиони денари ќе бидат опфатени 947 предмети или 25 отсто од засега утврдените четири илјади.
Првата транша би требало да се реализира до крајот на оваа недела.
За поврзани вести продолжете надолу