Заев за знамето на Џафери: Законите во Македонија се јасни и тие треба да се почитуваат

На новинарско прашање што мисли за поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, Заев порача да се почитуваат законите и Уставот и дека секој треба да има правна и политичка одговорност без разлика дали се работи за нивниот коалиционен партнер.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не исклучува нови опструкции и насилство при образложувањето на новиот состав на владата.

„Сѐ е можно, по тоа што го видовме, не можеме да кажеме. Застрашувачките пораки беа испратени до сите и допреа до сите граѓани и до нас пратениците“, изјави Заев.

По средбата во ОБСЕ тој рече дека последните случувања во Македонија испратија лоши пораки во светот и додаде дека ОБСЕ може да биде од голема помош за спроведување на реформите и за стабилизација на земјата. На средбата Заев побарал од ОБСЕ да се вклучи во сите идни процеси во функција на стабилизација на земјата, а самиот тој, како што изјави, покрај болницата и лекарите, посветен им е на политичките процеси во државата.

„Оливер Спасовски, којшто ја координираше нашата пратеничка група и комуницира со новиот претседател на Собранието, ме информираше дека вчера од архива е излезено писмото, но не знам дали е денеска примено кај господинот Иванов. Уште еднаш сакам да кажам дека и покрај мешањето на правниот аспект со десетте дена, подготвен сум да го посетам Иванов, ќе разговараме и со коалиционите партнери ако сакаат да не придружуваат за да ја утврдиме заедно унитарноста, уставноста, мултиетничноста, интеграцијата во НАТО и ЕУ, перспективите на државата, сето она што претставува грижа на господинот Иванов. Сѐ во функција на тоа што поскоро да се додели мандатот“, изјави Заев.

Тој најави дека има можности до крајот на месецот да биде формирана новата влада во согласност со роковите, но зависи и од одлуката на Иванов дали ќе го даде мандатот, како и од техничката можност на Собранието, дали е таму сѐ функционално и дали пратениците ќе можат да работат.

На новинарско прашање што мисли за поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, Заев порача да се почитуваат законите и Уставот и дека секој треба да има правна и политичка одговорност без разлика дали се работи за нивниот коалиционен партнер.

„Законите во Македонија се јасни и тие треба да се почитуваат. Ако се случила некаква грешка, се надевам ќе се поправи. Треба на сите наши политички преокупации да им дадеме секундарно или терцијарно значење, мораме да испратиме порака дека Уставот и законот не може повеќе да се газат во Македонија и тоа да се покажува како патриотски чин“, додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e