Лидерот на СДСМ одговори дека кога го пријавил случајот „Рекет“ не знаел дека била вмешана и Катица Јанева.
„Го пријавив тоа што го видов, а тоа е она што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено на Јавното обвинителство од Орце Камчев. На материјалите се гледа само Бојан Јовановски и комуникацијата со Камчев. После тоа истрагата започна и дојдовме до денешната состојба за тоа кој каде бил и каде постојат индиции да биде одговорен“.
„Ако ова се случеше пред 3 години кога ВМРО беше на власт, телевизијата ќе беше заштитена, веројатно врхушката на власта ќе ги собереше парите, а Камчев ќе требаше да молчи или ќе беше опасно по него, затоа што во тоа време така се решаваа ситуациите. За разлика од тогаш, сега јас го пријавив случајот после материјалите кои ми беа презентирани односно едно видео и четири разговори. Тие беа основ и пресудно да се пријави случајот “, рече Заев.