Заев за Канал 5: Очекувам масовна излезеност на изборите, здравствените протоколи се обезбедени, нема ризик за гласачите

Во интервју за националната телевизија Канал 5, претседателот на СДСМ Зоран Заев разговараше за очекувањата од изборите и потсети зошто е важно на 15-ти јули граѓаните да излезат и да гласаат за Коалицијата Можеме.

“Верувам дека граѓаните ќе излезат во масовен број. Зошто? Бидејќи ако не излезат ризикуваат враќање не режимот. А безбедноста на гласачите не е донесена под прашање. Сите знаат дека со Венко Филипче, со оваа Влада, со оваа здравствена комисија дека сме безбедни. Многу поризично е враќањето на режимот што ќе значи враќање на хаосот во здравството и економијата, затоа бараме поддршка од граѓаните, на 15 јули да ја поддржат нашата понуда преку глас за бројот 3” истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e