Заев за Центарот за македонски јазик во Грција: Тоа се плодовите од Преспа на кои се радуваме сите Македонци

Регистриран Центар за македонски јазик како невладина организација од страна на судските власти во Грција.

Поранешниот премиер Зоран Заев се огласи на социјалните мрежи повод новорегистрираниот Центар за македонски јазик во Грција.

– Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци. Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји. Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство, објави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e