Заев во Кр.Паланка: Груевски и Мијалков веќе ги пакуваат куферите

Носителот на листата на опозицијата во Изборната Единица 3, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес свечено го отворија Градскиот промотивен штаб во Крива Паланка.

14976832_1870595023162028_2336157626775009278_o

Николовски во своето обраќање пред присутните најпрвин му се заблагодари на претседателот на СДСМ, за довербата која му е дадена да ја предводи листата на пратеници во третата Изборна Единица.

– Претседателе Заев, ве уверувам дека ќе го посетиме секој еден човек, ќе поразговараме со секој еден граѓанин, ќе влеземе во секое семејство и ќе ги убедиме за вашиот План за живот во Македонија. Вашиот концепт за отвореност на СДСМ е обврска за секој од нас, вашиот концепт за коалиција со секој граѓанин е наша света обврска.  – рече Николовски.

14990932_1870595699828627_4772126109082818617_o

– Во изминативе 2 години, преку проектот  Вистината за Македонија но и преку влегувањето во институциите во владата за спроведување на изборите, покажавме дека имаме капацитет да се носиме со задачите, бескомпромисно и неселективно, со целата наша енергија да се посветиме на она што беше наша задача, да ги разобличиме до крај во она што го имаат правено, во сите нивни злоупотреби и малверзации. – додаде Николовски.

Тој, понатаму нагласи дека никој нема право да ги уценува, поткупува и заплашува земјоделците, социјалните случаи и да ја става администрацијата во функција ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на СДСМ, затоа што како што рече, овие 2 години нашата света борба беше да она што се случувало а што го слушнавме од “бомбите”, никогаш повеќе не се повтори во Македонија.

– Заради овие вредности, на 11 декември ќе се избориме да целиот овој процес заврши со промени во Македонија. Затоа на листите за пратеници понудивме искрени, чесни, млади, но и стручни, одговорни, енергични кадри на кои дамка неможе да им се најде и кои ќе бидат посветени ден и ноќ, ќе го “изораме” теренот од Илинден до Пехчево, од Крива Паланка до Штип и ќе победиме во третата Изборна Единица. – заврши Николовски.

14976456_1870595769828620_7505348270895061260_o

Претседателот на СДСМ, пред присутните презентираше неколку мерки од Планот за живот.
img_8141

15002361_1870595786495285_7551780917940843182_o

– Ќе ја укинеме радиодифузната такса, казните ќе ги преполовиме, минималната плата која сега изнесува околу 9 илјади денари уште во првата година ќе ја покачиме на 12 илјади денари а на крај на мандатот таа ќе изнесува 16 илјади денари. Просечната плата ќе достигне до 30 илјади денари. 15% од платено ДДВ ќе се врати назад кај секој граѓанин. Со тоа, годишно секое семејство ќе добие плус уште една плата. Даноците ќе ги промениме, сиромашните ќе плаќаат помалку данок а побогатите повеќе. Некои велат, од каде пари?! Околу 470 милиони евра годишно се крадат од Македонија а уште 300 до 400 милиони се трошат на глупости, на споменици, фонтани, музеи. Ние тие пари ќе ги насочиме кон граѓаните. – посочи Заев.

15039738_1870596649828532_7228605421638457742_o

– Режимот е клекнат на колена, победата е на дофат. Тоа го знаат и Груевски и Мијалков. Веќе ги пакуваат куферите. Но бегање нема, ќе одговара секој кој се огрешил пред законот. Затоа, кога победата ни е на дланка, да ја испишеме сите заедно убавата иднина на нашата Македонија. Да подадеме рака на секој, преку глава ни е од делби, заедно сите, рамо до рамо да си ја изградиме државата. – додаде Заев и го прогласи за отворен Градскиот промотивен штаб на СДСМ во кој како што кажа ќе се слави победата на 11 декември.

14991291_1870595109828686_6990781431291226585_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e