Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик!

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, истакна премиерот Зоран Заев.

„Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.
Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.
Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски.
Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик!“, посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e