Заев: Верувам дека притворите од 100, 200, 300 дена стануваат казна

Не ја знам основата за одлуката на судот, но останувам конзистентен на политиките на оваа влада и моите политики. Се борев за притворот да не биде казна, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со судовите, а по носењето на екс Специјалната обвинителка, Катица Јанева во домашен притвор.

„Верувам во ефикасни судски процеси, се носи одговорност осомниченото или обвинетот лице. Верувам дека притворите од 100, 200, 300 дена станува казна. Принципиелно, она каде што не сме задоволни од судството го коментираме. Мора да има одлука, дали осудителна или обвинителна. Јас до денеска се прашувам како Груевски е ставен по член кој застарува брзо, а другите не се“, рече Заев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e