Заев: Референдум ќе има, треба да се реши дали тој ќе биде консултативен или задолжителен

Ќе има референдумот за името. За ова барање на опозицијата премиерот Зоран Заев вели дека е согласен. Според него, сега останува да се реши дали тој ќе биде консултативен или задолжителен. Заев рече дека резултатот на референдумот треба да се почитува од сите институции и граѓани.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски рече дека нема да се противи на одлуката на народот ако референдумот биде демократски и обврзувачки. Иако договорот за името се уште не е целосно усвоен, Мицкоски уште сега се сомнева во кредибилноста на резултатите.

За организирање на референдумот потребно е да се конституира ДИК. Денеска се објавени имињата на 41 кандидати за привремени членови на ДИК, до постигнување на договор меѓу власта и опозицијата за новиот Изборен закон.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e