Заев: Продолжуваме заедно и одговорно напред со Стево Пендаровски!

„Честитки и благодарам почитувани граѓани. Имаме успешни и демократски избори. Добивме претседател на државата. Одекна мнозинската граѓанска определба, продолжуваме заедно и одговорно напред!“ – порача премиерот Зоран заев.

„Патот е потврден и поплочен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Ова е наша заедничка зрелост на дело. Ова е победа на граѓаните и на републиката. Имаме земја која е европска и горд и одговорен народ. Водевме современа камања. Имаме кристално чисти избори во двата круга. Покажавме дека сме подготвени за Европа. Никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите.“ – порача Заев.

Од преброени 96,5% Пендаровски има над 423 000 гласови. Разликата од противкандидатката Силјановска е повеќе од 55 000 гласови. – појасни Заев.

„Вечерва имаме и победа во Охрид. Новиот градоначалник е Констадин Георгиев. Имаме и градоначалник на Ново Село – Никола Андонов.“ – рече Заев.

„Нашето место е во НАТО И ЕУ. Крај за режимот и мрачното минато. Мицковски е поразен како и сите деструктивни политики на ВМРО ДПМНЕ.“ – заклучи Заев на вечерашната прес конференција.

„Биди праведен и правичен, објективен и критичен, со слух за потребите на граѓаните“ – му порача Заев на Пендаровски.

„Оваа генерација на политичари одговорија на аманетот на на предците. Продолжуваме Заедно напред со Стево Пендаровски! – заклучи Заев.

„Граѓаните ни испратија сериoзна порака која ја прифативме. Ќе има промени во извршната власт!“ – одговори Заев на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e