Заев прими претставници на Шпаркасе Банка Македонија

Инвестициите во банкарскиот сектор се силен сигнал за стабилниот финансиски сектор и порака за поддршка на инвеститорите, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на УО и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, Глигор Бишев.

На средбата, соопшти владината прес-служба, е поздравено спојувањето на Шпаркасе Банка Македонија со Охридска Банка како најголема бизнис инвестиција во регионот во 2019 година, со што Штаермаркише Шпаркасе стана четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија со пазарно учество од околу 14 проценти.

Премиерот Заев ова окрупнување и присуството на австриската банка Шпаркасе Банка Македонија го оценил како особено позитивен сигнал и порака за инвеститорите за стабилниот финансиски сектор во Република Северна Македонија.

-Во разговорот за време на средбата беше истакнато дека процесот на спојување на двете банки е значајно поддржан од институциите во земјата, односно од Народната банка на Република Северна Македонија, од Комисијата за хартии од вредност и од министерствата за финансии и економија, наведуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e