Заев по средбата со Вархеји: Верувам дека новата методологија за проширување ќе има фер пристап

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и Калинка Габер од Комисијата за европски прашања на СДСМ, денеска се сретнаа со делегација на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување Оливер Вархеји.

На средбата Заев истакна дека Европската комисија отсекогаш била искран и силен сојузник на Република Северна Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.

– Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договоротѕ од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните, истакна Заев.

Претседателот на СДСМ се осврна и на новата методологија за проширување на ЕУ, изразувајќи надеж дека таа ќе биде фер и ќе се заснова на систем на заслуги.

– Секој ден, секоја недела, секој месец е важен за реализација на реформите кои се важни за нас и за ЕУ. Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап и ќе се вреднува единствено по мерит системот. Наш главен мотив и натаму е ЕУ и таа нема алтернатива, се што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Отпочнување на преговори со Северна Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион, посочи Заев.

Од страна на еврокомесарот Вархеји беше истакнато дека новата методологија за проширување се подготвува и дека наскоро ќе биде претставена пред земјите членки на Унијата. Вархеји посочи дека е важно државата да продолжи на европскиот курс, да продолжи со реформите, а особено значајно е носењето на новиот Закон за Јавно обвинителство со што Северна Македонија уште еднаш ќе покаже дека е посветена на реформите важни за напредокот кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e