Заев од Куманово: Владата ќе дава поддршка за проектите на Илиевски, општината беше единаесет години заборавена

Покажавме дека државата е тука за Куманово, за сите општини и граѓани и тоа ќе го правиме и наредните години, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од партиската трибина во градот. Тој повика да се поддржи кандидатот на градоначалник Оливер Илиевски и најави дека ќе има поддршка од Владата за стотиците проекти за наредните четири години за Куманово.

-Се планираат две нови детски градинки, поврзување на булеварот „Октомвриска револуција“ со автопатот Е-75, нови водоводи и пречистителни станици, 53 милиони евра за чистење на старите депонии,

Централната власт застанува зад проектите на Оливер Илиевски, затоа што Куманово го заслужува најдоброто, кажа Заев.

Тој порача „Максо ќе биде максимално поразен во Куманово“ и додаде дека единаесет години за време на режимот била заборавена општина и власта правела се за да ја опструира работата на општината, па токму затоа најмногу средства биле одделени токму за долгот на оваа општина.

-Куманово и кумановци и овојпат ќе бидат на страната кои го нудат најдоброто. Наредните четири години се многу важни за развојот на нашата земја. Оливере, учи се од грешките на претходникот. Колку и да е независен противкандидатот тој зависи од Куманово, а граѓаните овде биле и ќе бидат СДСМ. Тој треба да знае дека социјалдемократите овде имаат само еден кандидат, а тоа е Оливер Илиевски, нагласи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e