Заев: Нашата татковина никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас

Во недела, на 21 март, за првпат во македонскиот плурализам ќе се одржат директни непосредни внатрепартиски избори на кои членовите на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија директно ќе избираат Претседател.
Актуелниот претседател Зоран Заев на социјалните мрежи порача:
„Како кандидат за претседател, пред членовите на партијата излегувам со Програма – Нова политика, со која ја барам поддршката за нов мандат:
1️⃣ Нова политика значи реформа на досегашна кадровска понуда на СДСМ.
2️⃣ Нова политика значи ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот.
3️⃣ Нова политика значи охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови.
4️⃣ Нова политика значи СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените.
5️⃣ Нова политика значи поттикнување, зголемување на мотивацијата на нашите граѓани.
СДСМ повторно ќе биде прв во промените, носител на нова политика со која секој од нас, почнувајќи од мене, ќе даде и повеќе и подобро. За граѓаните, за татковината, за иднината на нашите деца. – рече тој.
Доколку ја добијам довербата, најавувам досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.
Ги повикувам членовите на СДСМ, на 21 март, во недела, да гласаат за Новата политика на СДСМ, рече Заев.
“Слушам некои зборуваат за “претерана демократија” и за нужност од “цврста рака”.
Не, народе мој! Не, мои социјалдемократи! Демократија – никогаш доволно!
Цврста рака е симбол на режим, а слобода на говор и почитување мислења е симбол на демократијата.
Што сакаме, режим или слобода?
Нашата татковина, еднаш беше, но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас. Одиме напред во секој можен поглед и враќање назад нема. Тоа е нашиот замаец, постојано подобрување и демократизирање.
Јас сум и секогаш ќе бидам ЗА повеќе и ЗА подобра демократија!” – порача Заев на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e