Заев направи селфи со Ципрас пред Владата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во Владата каде што со  државни и воени почести беше пречекан од премиерот Зоран Заев и владинини министри. Заев го искористи моментот да направи селфи со грчкиот колега.

Ципрас и делегацијата што го придружува околу 9:40 часот со владин авион пристигнаа на аеродромот Скопје. Го пречека вицепремиерката и минисерка за одбрана Радмила Шекеринска, по што се упати кон Владата.

Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува  Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e