Заев најави реформи и поголем буџет за армијата

Како војници треба да бидете горди што ќе бидете првата генерација која ќе служи на својата земја како земја членка на НАТО, порача денеска премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод приемот на 125 професионални војници во АРМ.

– Нашето членство во сојузот за вас ќе отвори поголеми можности. Македонската армија со години наназад рамо до рамо со војските членки на НАТО учествува во мировните мисии и добива највисоки оценки. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на АРМ. Министерството за одбрана и Владата на РМ заеднички работеа напорно за да го вратиме дигнитетот на вашата професија, а минатата година се соочивме со поразителна состојба после застојот во реформите. Но го прифативме предизвикот и за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди – рече Заев.

Тој додаде дека Владата почнала со зголемување на Буџетот за одбрана и дека обезбедува доволно средства што ќе ги задоволат сите потреби на една современа армија, а најави и реформи кои, како што рече, ќе се почуствуваат многу брзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e