Заев најави намалување на цената на зелениот картон

Веќе разгледуваме варијанти за да го поевтиниме зелениот картон, затоа што нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон. Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго“. Ова го изјави денеска премиерот на РСМ, Зоран Заев на трибината од Куманово, додавајќи дека тоа е уште еден начин на враќање на парите кај граѓаните.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставниме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ги рационализираме и намалиме регистрацијата на возилата која што ја имаме, оти и тоа значи враќање пари назад кон граѓаните. Така да работиме на намaлување на цената на Зелениот картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e