Заев на ТВ 21: Парламентарното мнозинство ќе расте, избори не и требаат на нашата земја

„Во државата нема никаква потреба од предвремени парламентарни избори и губење на драгоцено време, вчера се потврди стабилно политичко мнозинство и нема тука дилема“, порача вечерва во интервју за ТВ 21 претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Потврдувам, предвремени парламентарни избори не и требаат на нашата земја затоа што е драгоцено и неповторливо време од две и пол години пред нас. Ние сега мораме да валоризираме, ефектите од крупните политики, по глави и кластери отворени, овде е дебатата дали државата е доволно заштитена пред ЕУ во преговарачкиот процес, а притоа расте стандардот, се случуваат домашните инвестиции, странските инвестиции, работните места. После изборите, овие локални на 31 октомври веројатно ќе се случи окрупнување на мнозинство, го кажувам тоа затоа што сите овие личности и од власт и од опозиција сакаат да се израдуваат на нешто големо за државата, како што се поглавјата и кластерите, како што е видниот економски стандард на граѓаните. Значи има некои гласини што се случуваат и јас како претседател на најголемата политичка партија го анализирам. Прво, имаме едно незадоволство на потценување на Алтернатива во коалицијата Алијанса – Алтернатива, тоа веројатно си има свои корења од парламентарните избори, а се рефлектираше во распределбата на одговорните со кандидати и советници меѓу Алијанса и Алтернатива еден дел, затоа се добиваат ваквите пораки кои доаѓаат од Алтернатива“, посочи Заев.

Претседателот Заев осврнувајќи се на функционирањето на коалицијата истакна дека таа функционира одлично со почитување на претходно договореното.

„До сега позициите се јасни и од наша страна и од страна на ДУИ и од страна на БЕСА, затоа што навреме сме седнале и сме се договориле што во предвидливи случаи и ако се случи. Во такви случаи граѓаните прво сами се определуваат, ако Заев каже на своите гласачи, Ахмети, Мицкоски, било кој, нема да го послушаат, затоа што секој си има свој кредибилитет и интегритет, секој граѓанин. Ние тоа можеме нашите членови да ги прашаме, а нашите членови во Тетово ќе им кажеме исто така како и на граѓаните, по сопствена определба. Затоа што имате двајца партнери, кај кого да отиде поддршката, другиот ќе се налути. Кој и да биде ќе се лути, ако се земе една страна, другата ќе се лути. Ако ја земам првата страна, другата ќе се лути, така да нема бирање, тоа е и во Тетово и во Желино“, порача Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e