Заев на Сител: Не е време за популизам, време е за солидарност и за искрени и чесни мерки

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Дневникот на Сител ги повика сите политички субјекти да се однесуваат конструктивно и одговорно и да не се впуштаат во авантура за ситни политички поени, оти од надминувањето на здравствената и економската криза зависи иднината на државата.

„Ние треба заедно да се избориме против короната и заедно да ја спасиме економијата. Популизмот и политичката одговорност мора да останат на страна затоа што ако се водиме од тоа ќе не чини и како народ и како држава. Одложивме избори, нема избори, да се насочиме сите чесно кон народот да ја изменаџираме здравстевната криза, па потоа и еконмската. Мерките се тука, ајде да ги спроведеме. Владата веќе ги објави сите огласи за дејностите што се занимаваат со услуги, како трговија, туризам… да можат да ги земат бескаматните кредити, апликациите за даночната аконтација на УЈП се направени, веќе се средуваат документите за вториот сет економски мерки, кои верувам до крајот на неделата Владата ќе ги донесе и дека ќе се остави простор и за трет сет мерки затоа што ова ќе потрае. Искрено и чесно настапуваме и само така народот ќе не сфати дека мораме солидарно, дека мораме сите заедно да дејствуваме, за оваа криза да трае што пократко, истакна претседателот Заев и испрати апел до општествените чинители сериозно да и пристапат на ситуацијата која наложува внимателност и заедништво, наместо политички поделби и политички профит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ