Заев на меѓународна конференција „Жени во индустрија: Лидерите ја унапредуваат родовата еднаквост”

Премиерот Зоран Заев денеска се обрати на отворањето на дводневната меѓународна конференција „Жени во индустрија: Лидерите ја унапредуваат родовата еднаквост”, организирана од страна на Инженерска Институција на Македонија и ЕВН Македонија.

„Како земја членка на меѓународната заедница, нашата земја се обврза да ги спроведе потребните мерки за да ги оствари Целите за одржлив развој на Обединетите Нации до 2030 година.

Тоа се однесува на ставање крај на сиромаштијата, на ставање крај на гладувањето и на постигнувањето на пристап до здрава храна, на обезбедување здрав живот и благосостојба за сите, на пристап до инклузивно и еднакво квалитетно образование за секого, за родова еднаквост и за охрабрување на жените и девојките во остварувањето на нивните права, за промовирање на инклузивен и одржлив економски раст со еднакви шанси за вработување и за пристојно и еднакво платена работа за сите. Ниту една од овие цели нема да се оствари ако не ги вклучи жените и девојките.“ – рече Заев во своето обраќање.

Заев порача дека економски силните девојки и жени полесно ќе се справуваат со сиромаштијата, со насилството и дискриминацијата, со остварување на нивното природно право да бидат еднакви во изборот на работни места и на нивното право да бидат на раководни позиции, а Република Северна Македонија е должна да го обезбеди тоа.

Со континуирани политики за родова еднаквост и со спроведување на обврските од меѓународно прифатените конвенции и декларации. – порачува Заев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e